Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска ракометарите на Куманово со резултат 38:19 ја совладаа екипата на Овче Поле.
Домашните ракометари во првото коло од пролетниот дел стартуваа со нови три поени на табела и фуриозно ја совладаа екипата од Свети Николе.
Уште на почетокот на првото полувреме нашите ракометари направија убедлива и во останатиот дел од натпреварот, тренерот Јовановски ја разигра и втората постава која исто така беше подобра од гостинот.
На полувреме ракометарите отидоа на пауза со резултат 19:9.
Најефикасни со домашниот состав беа Трајковски со 11 гола, Димковски 7, Трајчевски 6, Миладиновски и Несторовски со 4 гола, Спасиќ 3, Петковски 2 и Димковски 1 гол.
Во екипата на Овче Поле најефикасен беше ракометарот Пажев со постигнати 6 гола.
Следниот натпревар ракометарите го играат повторно на домашен терен против екипата на Пролет.