Училишен крос ќе се одржи утре на спортскиот аеродром Аџи Тепе
02.04.2025 14:57
| KumanovoNews
На спортскиот аеродром Аџи Тепе во Куманово, утре со почеток во 10.30 часот ќе се одржи училишен крос.

Предвидено е да учествуваат повеќе од 650 ученици од сите основни и средни училишта во градот.
Организатор на трката е Општинскиот сојуз на училишен спорт (ОСУС) од Куманово.
„Сите основни и средни училишта потврдија дека ќе земат учество на кросот. Според метеоролошките прогнози не се очекува дожд, а тревата на теренот е искосена. Бевме, исконторлиравме се чини дека се е во ред за непречено одржување на манифестацијата“, истакна Марјан Нојковски, претседател на ОСУС.
За најдобрите на пролетниот училишен крос се подготвени медали.