Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарот на Куманово, Урош Луковиќ со 52 МВП индексни поени е најдобриот поединец оваа коло во Супер-лигата.
Луковиќ имаше маестрална партија против тимот на Кожув, каде што постигна 41 поен, 12 скока и 4 блокади. Сепак и покрај овој одличен настап, Куманово загуби на гостувањето од тимот на Кожув.
Инаку Луковиќ води уште во неколку категории во домашното првенство, односно има најмногу поени по натпревар, најмногу офанзивни скокови, најмногу блокади и најдобар процент од шут за два поена.