×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Усеин Болт најавува нови светски рекорди на СП во Москва

    01.08.2013 06:14 | KumanovoNews

    Јамајканецот Усеин Болт, светскиот рекордер на 100 и 200 метри најави дека е способен и подготвен за ново поместување на границите на овие делници, десет дена пред стартот на Светското првенство во атлетика во Москва.

    Усеин Болт најавува нови светски рекорди на СП во Москва

    Болт, олимпискиот шампион од ЛОИ во Лондон лани, ги држи двата светски рекорди со 9,58 секунди на стотка и 19,19 секунди на 200 метри, поставени на атлетискиот Мундијал во Берлин пред четири години. Сега, Јамајканецот најавува дека е способен да постави нов светски рекорд на најкратката делница, а да истрча под 19 секунди на 200 метри.

    Способен сум за нови рекорди. На 100 метри ќе треба да истрчам речиси перфектна трка, но и временските услови да бидат добри. Јас сум фокуситан и психички подготвен за такво нешто. И рекордот на 200 метри е цел, која сакам да ја остварам, по можност да истрчам под 19 секунди. Тоа би било нешто посебно. Јас можам уште многу да понуда,. Моите цели се да продолжам да освојувам златни медали до ЛОИ во 2016 година. Со медали и рекорди ќе докажам дека сум успеал да го остварам тоа што сум го зацртал-рече Болт.