Успешен настап на велосипедистите од „Вело-М“ на трка во Бугарија
29.05.2018 06:45
| KumanovoNews
Велосипедисти од велосипедскиот клуб „Вело-М Термалифт“ од Куманово, викендов учествуваа на меѓународна трка во Бугарија, Долчини Куп.

Во силна конкуренција велосипедистот Андреј Петровски освои 2 место во кружна трка, додека Никола Лефков 4. место на друмска трка.
За македонскиот репрезентативец Андреј Петровски кој ја претставуваше Македонија на Светското првенство 2015, 2016 и 2017 година, ова е тест трка и подготовка за Државното првенство на Македонија, кое ќе се одржи на 24 јуни во Куманово.
Наредната трка која следи е Трофеј Кучи (1-3 Јуни) во Црна Гора каде што очекуваме добри резултати.