Успешен викенд на тимот на ЖРК Куманово
Ракометарките на Куманово имаа успешен настап оваа коло, одкако и младинската и сениорската екипа оствари победи на гостински терен.

Сениорскиот тим на ЖРК Куманово успејаа да забележат победа против екипта на Чаир во Скопје со резултат 26:27.
Младите ракометарки на Куманово ја декласираа екипата на Жито Прилеп, забележувајки победа со резултат 9:25. Со оваа победа младинките и дефинитивно се пласираа меѓу најдобрите четири екипи, и ќе играат на Фајнл-фор турнирот кој ќе се одигра кон крајот на месецот.
Ова е само доказ за нашата работа и дека Куманово има потенцијал и квалитет да има врвна ракометна екипа. Сениорскиот состав е составен исклучиво од млади домашни ракометарки, а младинскиот состав потврдува дека женскиот ракомет во Куманово има иднина - изјави спортскиот директор на клубот, Габриела Трајковска.