Успешно деби на Манасков против Битола
01.12.2011 08:34
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово вчера забележаа нова победа во Спортската сала во Куманово. Пепи Манасков имаше одлично деби на клупата на Куманово, забележувајки ја првата победа со резултат 28:20.

Кумановчани имаа одлична игра, во текот на целиот натпревар. Натпреварот беше неизвесен првите 15 минути кога резултатот беше 6:6. Куманово потоа влезе во серија и успеја да полувреме да отиде со пет гола разлика.
Кумановчани продолжија во исто темпо, а на натпреварот добија шанса и помалку искусни играчи. Конечен резултат беше 28:20.