Утре се игра ракометниот турнир „Карпош 2022“
10.10.2022 14:19
| Стефан Николиќ
Традиционалниот ракометен турнир Карпош оваа сезона ќе се игра во кадетска конкуренција а на него ќе настапат 4 екипи.

МРК Куманово, Рисови Велес, Голден Арт и Македонија Ѓорче Петров ќе се овогодишните учесници на турнирот. Во првиот натпревар Рисови ќе се сретнат со Голден Арт, додека веднаш по нив МРК Куманово ќе игра против Македонија Ѓорче Петров. Веднаш по двете полуфиналиња следува натпреварот за трето место, а подоцна и финалниот дуел.
Натпреварите ќе започнат во 10:00, а ќе се играат во салата на економското училиште „Перо Наков“.