Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Пинк Пантери од Куманово овој викенд на 13,14 и 15-ти април го организира 7-миот традиционален Меѓународен кошаркарски турнир „Растеме Заедно“.
Оваа година гости на турнирот се екипите на Цедевита од Загреб, Игокеа, Кош Сараево, МЗТ Скопје и тимот на Работнички.
Турнирот е наменет за кошаркари родени 2003 година. Оваа година натпреварите ќе се одиграат во салата на економското училиште „Перо Наков“. Задоволни сме од фактот што ова веќе прерасна во традиционален турнир, на кој секогаш имаме квалитетни екипи од регионот. Очекувам квалитетни натпревари, многу дружење помеѓу натпреварувачите и борба за највисок пласман - изјави Бојан Златковски, директор на клубот.
Натпреварите започнуваат утре во 11 часот, кога ќе се сретнат екипите на Кош Сараево и МЗТ Скопје, а веднаш по тој натпревар Пинк Пантери ја пречекуваат Игокеа. Свеченото отворање на турнирот е закажано за 19 часот, по што следува натпреварот помеѓу тимот на Пинк Пантери и Цедевита од Загреб.
Полуфиналните натпревари ќе се одиграат во сабота, а во недела следуваат борбите за петто, трето и прво место. Финалето на турнирот е закажано за 13 часот.