Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Црногорскиот ракометен тренер Зоран Кастратовиќ повеќе не е предводник на македонскиот ракометен шампион Вардар.
Додека не се најде нов тренер, ракометарите ќе ги води досегашниот помошник Андон Бошковски.
Оваа одлука е донесена непосредно пред натпреварот во рамките од 6. коло во регионалната Сеха Лига против тимот на Нексе.
Шпрекулациите велат дека Таланд Душебаев ќе го преземе да го води клубот пред дуелот со ПСЖ. Дополнителна причина за неговото доаѓање е тоа што и неговиот син Алекс Душебаев го засили македонскиот вицешампион.
Зоран кастратовиќ кој само кусо време беше предводник на тимот, во првото коло од Лигата на Шампионите му донесе бодови на клубот против големата Барселона, а во второто коло претрпе пораз на гостувањето во Минск.
Затечен сум од тоа што се случи, ме повикаа и ми ја објавија веста дека повеќе не сум предводник на клубот. Искрено сметам дека требаше да останам, бидејќи во недела не очекува натпревар со ПСЖ и таму ќе треба да го покажеме нашиот квалитет-изјави Кастратовиќ.