Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од 18 часот денеска, во „Кале“, Металург и Вардар ќе играат за ново финале во купот.
Вечните ривали Вардар и Металург денеска од 18 часот (пренос МТВ) ќе се сретнат во салата „Кале“, во дербито на полуфиналето на ракометниот Куп на Македонија.
Ова ќе биде претпоследен дуел меѓу нив сезонава, а на 1 јуни е 10. коло од машката Суперлига, во кое на истиот терен ќе играат за титулата. Во второто полуфинале играат Зомимак и Металург јуниор (од 20 чaсот).
Секој натпревар со Вардар е дерби и предизвик за нас, па така и ова полуфинале. Ракометарите на Вардар и нивниот тренер Веселин Вујовиќ исклучително ги почитувам и сметам дека се во блага предност поради играта на домашниот терен и публиката. Металург на овој натпревар не може да смета на услугите на Наумче Мојсовски, кој во дуелот со Вардар во 5. коло доби повреда на мускулот на десната нога. Со повреди се борат Филип Миркуловски и Младен Ракчевиќ, а преостанатите ракометари се истрошени од напорната сезона и игрите во ЛШ. Со сиот респект што го имаме кон Вардар, иако нема да биде лесно, се надеваме на позитивен исход - рече стратегот на македонскиот првак Металург, Лино Червар, на средбата со новинарите вчера.
Стратезите на Металург, Вардар и на Металург јуниор, Лино Червар, Веселин Вујовиќ и Александар Јовиќ, најавија битка за трофејот.- Победникот во полуфиналното дерби ќе биде идниот освојувач на Купот на Македонија - рече Миркуловски, кој воедно посака братско финале со екипата на Металург јуниор.
И стратегот на Вардар не ја скри својата амбиција за освојување на куп-трофејот.- Прво, да им го честитам пласманот во полуфиналето на младите ракометари на Металург јуниор. Вардар годинава посакува да ги освои двете титули - рече Вујовиќ.Филип Лазаров посака финале со Металург јуниор, а Борјан Маџовски од Јуниор - братско финале со Металург.
Тренерот на јуниорите, Александар Јовиќ, е задоволен со самиот пласман во полуфиналето, но не ја скри желбата да го изненади струмички Зомимак и да се пласира во финалето на Купот на Македонија.