Мени

Вардар убедливо поразен од Стеауа

17.07.2013 06:52 | KumanovoNews

Во квалификациите за групната фаза на Лигата на шампионите синоќа во Букурешт романскиот шампион Стеауа го победи првакот на Македонија Вардар со 3:0.

Вардар убедливо поразен од Стеауа

Реваншот се игра во вторник во Скопје.

Синоќа се одиграа уште седум други натпревари од второто квалификациско коло.

Постигнати се следните резултати:

Викторија Плзењ – Железничар 4:3,

БАТЕ – Шахтер Караганду 0:1,

Динамо Тбилиси – Стрејмур 6:1,

Шериф – Сутјеска 1:1,

Екранас – Хафнарфјордур 0:1,

Биркиркара – Марибор 0:0,

Фола – Динамо Загреб 0:5.