Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово вечерва во 19 часот во Спортската сала во Куманово ќе ја пречекаат екипата на Работнички од Скопје.
Куманово е последнопласирана екипа на табелата во Супер лигата со четири порази во исто толку натпревари. Вечерва кумановчани ја имаат последната шанса за фаќање на приклучок во борбата за Плеј-оф.
Во последниот период работите не се одвиваат најдобро за нашиот претставник. Куманово овој викенд ја игра завршницата на БИБЛ Лигата, а денеска го играат натпреварот на сезоната кој веројатно ќе ги остави во комбинација за Плеј-оф доигрувањето.
Чување на силите за БИБЛ завршницата на клучните играчи веројатно ќе нема, а на вечерашниот натпревар ќе изостане и подршката на навивачката група Кумани. Тие на својата интернет страна објавија дека ќе го бојкотираат натпреварот поради недобиената подршка од управата и промена на обезбедувањето на натпреварите.
Натпреварот започнува во 19 часот во Спортската сала во Куманово со директен пренос на Канал 5+.