Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Велосипедскиот клуб Вело М од Куманово доби специјална покана од Грчката велосипедска федерација, и од утре до крајот на овој викенд ќе настапат на трка во Солун.
Трката ќе се вози во три етапи а вкупно ќе бидат извозени 350 километри.
За кумановскиот клуб ќе возат Стефан Петровски, Никола Ѓукиќ, Денис Колевски, Марио Петровски, Ален Денковски и МАСТЕРС Зоран Ристовки.
Оваа е прва трка за Вело-М за оваа сезона и ке служи како тест трка да се види до каде се нашите велосипедисти со нивната форма и како подготовка за престојните трки на клубот. Вело-М за 2016 има богат календар и се надеваме дека ќе имаме можност да возиме на сите трки - изјави Марјан Петровски, спортски директор во Вело М.