Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Осум велосипедисти од кумановскиот клуб “Вело - М“ утре ќе учествуваат на Државно ридско првенство 2013 во Крушево.
Патеката е од центар на село Кривогаштани, преку регионалниот пат кон Крушево се влегува во градот, се поминува низ центарот на Крушево од каде се продолжува до детското одморалиште Шула Мина, а потоа до манастирот св. Преображение. Должината на патеката е 21 км.
Организатори на настанот се Општина Крушево и Општина Кривогаштани, Велосипедска федерација на Македонија и клубот “Илинден“.