“Вело - М“ најдобри на крос во Прилеп
12.03.2013 14:13
| KumanovoNews
Велосипедистите од клубот “Вело - М“ во недела на Куп на Македонија Вело - крос кој се оддржа во Прилеп покажаа најдобри резултати.

Во категорија сениори победи Стефан Петровски, во категорија јуниори Никола Ѓукиќ, а од кадетите прв е Денис Колевски. Кружната патека во должина од 2,5 км беше поставена во Паркот на Револуцијата – Могила на непобедените, во Прилеп. Бројната публика и убавото сончево време само го потполнија уживањето во овој врвен велосипедски натпревар со кој и заврши вело крос сезоната за 2012/2013.
Организатори на настанот се велосипедски клуб “Илинден“, Општина Прилеп и Велосипедска федерација на Македонија.