Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Велосипедскиот клуб “Вело - М“ се закити со награди на “Вело крос 2014“ кој пред неколку дена се оддржа во Прилеп.
Во категорија сениори Никола Ѓукиќ освои прво место, Стефан Петровски второ место, а од кадетите прв беше Денис Колевски.
Патеката беше кружна со должина од 2,5 км од паркот на Револуцијата до Могила на непобедените во Прилеп.
Трката ја организираа велосипедски клуб “Илинден“, Општина Прилеп и Велосипедска федерација на Македонија.