Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На трката која се оддржа во недела во Кичево победија велосипедисти од кумановскиот клуб “Вело - М“ во сите категории, јуниори, сениори и кадети.
Велосипедистот Стефан Петровски беше најдобар меѓу сениорите, Никола Ѓукиќ во категорија јуниори победи и прво место од кадетите зема Денис Колевски.
Тоа беше трка за ранг листа на шампионатот на Македонија. Беше напорно, бидејќи само што се вративме од Србија веднаш продолживме на трка во Кичево. Патеката беше долга 90 км и се возеше на дожд. Имаше доста јака конкуренција. Просечната брзина со која се движевме беше 37 км на час, што е висок просек за македонскиот велосипедизам - вели Стефан Петровски.
Клубот “Вело - М“ и на оваа трка ја покажа својата доминација.