Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска се одржа традиционалната велосипедска трка во градот, по повод празникот 11 Октомври. Трката се возеше по булеварите „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“, а учествуваа педесетина велосипедисти од десетина клубови од државата.
Трката се одржува 70 пат, колку и востанието во Македонија. Велосипедизмот е спорт кој се негува, почитува и практикува во Куманово, па имаме и врвни резултати. Затоа Куманово го подржува овој спорт и оваа традиционална трка во чест на празникот.Нека се помине спортски и нека победи најдобриот - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски, кој ја прогласи трката за отворена.
Трката е во организација на Сојузот на општински спортови Куманово, велосипедскиот клуб „Вело М“, а под покровителство на градоначалникот и советот на општина Куманово.