Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Менаџерот на Арсенал ќе има одличен трансфер буџет наредните 12 месеци, кои наредното лето ќе прераснат во 40 милиони.
Англиските медиуми велат дека тој во банката има 160 милиони фунти, од кои дел одат на платите на играчите. Останатите средства би можеле да се искористат за трансфери. Така се стигна до цифра од 50 милиони фунти, каде треба да се додадат уште 25 милиони од продажбата на недвижнини на Квинслед Роуд, и плус 16 милиони од продажбата на апартманите на поранешниот Хајбери.
Сепак за сега приоритет на клубот е останување на Робин Ван Перси, за кого стигнаа понуди од Манчестер Сити и Анжи. Како проблем треба да се напомене и политиката на трансфери на Арсен Венгер, кој не троши големи суми како останатите гиганти.