Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска на Вимблдон се играат полуфиналните мечеви во машка конкуренција.
Новак Ѓоковиќ против Хуан Мартин Дел Потро од 14:00 часот го играат првиот полуфинален меч, по нив се среќаваат Анди Мари и Јержи Јановиќ од Полска.
Ѓоковиќ и Дел Потро се среќаваат по 12 пат, предноста на страната на Ѓоковиќ кој има 8 победи додека ДелПотро има три .
Српскиот тенисер е фаворит и сака да му се реваншира на Дел Потро за поразот на Олимписките игри во 2012 година, на Вимблдон се среќаваат за прв пат.
Анди Мари од кого домашната публика очекува финале, се среќава со Јержи Јанович од Полска, досега овие двајца тенисери играле два пати и резултатот во победи 1:1.
Мари е фаворит на овој меч но Јанович нема што да загуби и може да биде многу опасен. Во 2012 година се сретнаа на Мастерсот од серијата 1000 во Париз кога победи Јановиќ со 2:1, претходно Мари во првата пресметка со тенисерот од Послка славеше на дуелот меѓу репрезентациите на Британија и Полска во Дејвис Купот со 3:0 во 2009 година.