Во недела започнува вториот дел од сезоната за ЖРК Куманово
24.02.2017 10:57
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово во недела во 14:30 ја пречекуваат екипата на ЖРК Прилеп, со што ги продолжуваат натпреварите во најквалитетното женско ракометно првенство.

Тимот на Куманово вториот дел од сезоната ја започнува од третата позиција на табелата со осум победи и четири порази. Пред Куманово се Вардар со 10 победи и 2 порази, и Металург кој сеуште нема пораз.
Четврти на табелата се Прилеп, кои се далеку од Куманово и имаат скор од 5 победи и 7 порази, па со победа на Куманово во овој натпревар, дефинитивно ќе се зацврснат на третата позиција на табелта.
Натпреварот се игра во салата на ОУ Христијан Карпош со почеток во 14:30.