×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Салерно ќе се решава судбината на ЖРК Вардар СЦБТ

    12.07.2013 07:59 | KumanovoNews

    Италијанскиот претставник Ломи Салерно ќе биде домаќин и организатор на натпреварите во четвртата група од квалификациите за Лигата на шампионите во која е и македонскиот првак ЖРК Вардар СЦБТ заедно со екипите на Флери Луар (Франција) и Ростов-Дон (Русија).

    Во Салерно ќе се решава судбината на ЖРК Вардар СЦБТ

    Европската ракометна федерација официјално ги потврди домаќините на три од четирите квалификациски групи, а се уште се чека одлука за тоа кој ќе биде домаќин на групата 1 (Бјасен Трондхајм, Тертнес Берген, Лајпциг или Минск).

    Натпреварите од нашата група ќе се играат во салата „Паласеле“ во Еболи што се наоѓа во близина на Салерно. На 14 септември се полуфиналињата, а на 15 септември е финалето за пласман во ЛШ и мечот за 3.место.

    Според распоредот на натпреварите, првото полуфинале во групата е меѓу Ростов-Дон и Флери Луар, а во вториот полуфинален меч ќе играат ЖРК Вардар СЦБТ и домаќинот Ломи Салерно. Термините за натпреварите ќе бидат дополнително одредени од домаќинот на турнирот.

    Пласман во Лигата на шампионите обезбедува само првопласираната екипа во групата.