ВТА, Чарлстон: Вилијамс лесно ја мина Џорџи
03.04.2013 08:32
| KumanovoNews
Серена Вилијамс турнирот во Чарлстон го започна со победа. Во натпревар од второто коло без проблеми со резултат 2:0 по сетови 6:2 и 6:3 ја совлада Италијанката Камила Џорџи и го продолжи натпреварувањето.

Не беше мојот најдобар натпревар. Стоев добро на теренот, обидувајќи се да бидам стабилна, но дефинитивно на моменти се чувствував несигурна. Имав само два дена да се навикнам на теренот, откако до сега играв на тврди подлоги. Сепак победив и се надевам дека во следните средби ќе сум уште подобра- рече светската број 1.
Во следното коло Вилијамс ќе игра против победничката од дуелот помеѓу Сабине Лисицки и Малори Бурдет.