Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Бал фор Лајф ја оствари втората победа во Третата кошаркарска лига, одкако денеска го совлада тимот на Овче Поле од Свети Николе со резултат 82-60.
Домаќините имаа одлично отворање на мечот и во првиот период постигнаа 37 поени. Двата тима нервозно продолжија по кратката пауза, по што падна ритамот на игра што имаше директен одраз на резултатот. Бал фор Лајф успеја да ја одржи двоцифрената разлика до крајот на натпреварот и на крај славеше со резултат 82:60.
Горан Тренчиќ и Наум Јакимовски постигнаа 21 поен во победата на Бал фор Лајф. За гостите Митев Б. постигна 10 поени.
Следниот натпревар Бал фор Лајф го игра против Борец од Велес на гостински терен.