Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово ја забележаа втората победа во вториот натпревар од Супер-лигата против тимот на Пелистер со резултат 19:25.
Тимот на Куманово покажува одлични игри на почетокот на првенството, а победата на гостински терен против битолчанки сигурно ја зголемува самодовербата во екипата. Куманово ја имаше инцијативата на овој натпревар и едиствено губеше на почетокот на натпреварот при резултат 3:2. Второто полувреме беше пресудно за тимот на Пелистер, кога кумановчанки направија серија од 7:0, за да подоцна го постават и конечниот резултат 19:25.
Александра Боризовска постигна 8 гола за тимот на Куманово. За Пелистер, Ивана Ѓорѓиоска постигна 10 гола.
Куманово заедно со Металург се единствените непоразени екипи после првите две кола. Следното коло, Куманово го пречекува тимот на Вардар.