Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово загубија на натпреварот против Берое со резултат 73-77, и се закитија со сребрен медал во БИБЛ лигата што е еден од поголемите успеси во историјата на клубот.
Кумановчани немаа шанси против квалитетниот „бугарски“ состав кој предводен од Американците Рос, Џонс и Гибсон само го продолжија она што го започнаа во првиот натпревар. Куманово сакаше да победи на натпреварот, за престиж и за публика меѓутоа немаше можност и Берое заслужено го освојува овој трофеј.
Марјан Јаневски постигна 15 поени а Димитар Караџовски и Стефан Живановиќ постигнаа по 14 поени за домаќинот. За гостите Брандис Рос постигна 17 поени.
Следното коло Куманово го игра против Карпош Соколи на гостински терен.
Фото: www.balkanleague.net