Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со натпревар меѓу екипите ЧСК Четирце и Делукс, синоќа на фудбалското игралиште кај Соколана е отворен турнирот во мал фудбал „Видовден 2013„, кој го организира Српската заедница во Македонија- регионалната организација Куманово, по повод празникот Видовден.
Овој спортски настан го отвори претседателката на СЗМ Гордана Стојковска, а на присутните им се обрати Горан Зафировиќ, претседател на Српска заедница Куманово.
Оваа година имаме некои новини што се однесува до турнирот. Наши драги гости се спортскиот фудбалски клуб “Пантер“ од Куманово под раководство на Зоран Ристиќ. Тие се на теренот и на некој начин го отварија турнирот. Од вечерва до 28 јуни секое попладне ќе има по 4 натпревари, а слободни денови се 23, 24 и 26 јуни. Новина оваа година е тоа што ги покануваме ветераните на ФК “Вардар“, меѓу кои Александровски, Стојковски, Петрески и легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев копи ќе одиграат ревијален натпревар - изјави Зафировиќ.
На турнирот ќе учествуваат екипите:ЧСК од Четирце, Кватро, БОС -М , Стела - М, Слога Уминдол, Обилиќ, Висто, Софт-Мак, младите на ДПСМ, УМС на ВМРО - ДПМНЕ, Моби-три, Делукс, Делие, Кобра и Борец.
Првите три екипи ќе добијат пехари, медали, маици, награда за најдобар голман, за најдобар играч и голгетер.