×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започнува 100-то издание на „Тур Д’Франс“

    29.06.2013 08:25 | KumanovoNews

    Јубилејното 100-то издание на најпрестижната трка во светот на велосипедизмот „Тур Д’Франс“ ќе стартува во денеска на Корзика.

    Започнува 100-то издание на „Тур Д’Франс“

    Првата од трите предвидени етапи кои ќе се возат на Корзика ќе се вози од Порто Векиа до Бастија.

    Победникот на годинешната трка околу Франција ќе мора да мине 3.404 километри, трката е поделена на седум низински, пет ридски, шест планински етапи како и на два индивидуални и еден тимски хронометар.

    На јубилејното издание на трката титулата нема да ја брани минатогодишниот победник, Британецот Бредли Вигинс, во негово отсуство најголеми шанси за победа им се даваат на Алберто Контадор и Крис Фрум.

    Оваа година за победата нема да решаваат двајца возачи, ќе имаме филм со повеќе возачи. Во секој случај не очекува многу повеќе атракција, што не беше случај изминатите години. Фрум има одлична сезона, но доколку не сум сигурен дека можам да победам, воопшто немаше да бидам тука-рекол Контадор.

    Мотивот на Шпанецот е уште поголем, бидејќи поради допинг тој беше суспендиран на една година, а му беше и одземена титулата на „Тур Д’Франс“ освоена во 2010 година.

    Покрај Контадор и Фрум шанси за севкупна победа им се даваат уште на Енди Шлек, кој поради повреда не настапи минатата година, како и на Хоаким Родригез, Алехандро Валверде и Кадел Еванс