Започнува кошаркарското првенство на Македонија
14.10.2011 10:02
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово утре во Спортската сала во Куманово го играат првиот натпревар оваа сезона. Во првото коло се домаќини, и ја пречекуваат екипата на Овче Поле.

Натпреварот започнува во 18:30, а Куманово во новата сезона влегува со амбиции за висок пласман.
Во недела во 18:30 ќе се игра петтото коло од машката ракометна лига. Ракометарите во Спортската сала го пречекуваат РК Металург Јуниор од Скопје.
На двата натпревари ќе биде присутна навивачката група „Кумани“ кои најавуваат своевиден спектакл, и презентирање на новата песна „Кумани“.