Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово издвојуваа битна победа над екипата на Жито Прилеп со резултат 27:25.
Одличниот почеток на домашниот состав веројатно и овозможи победа на овој меч против фаворитот од Прилеп. Одличната игра во одбрана ги исфрли од баланс ракометарките на Жито Прилеп кои губеа и со резултат 12:5. Играта на Куманово имаше мал пад при крајот на првото полувреме па прилепчанки заминаа на одмор со резултат 13:9.
По паузата, Жито Прилеп со високо темпо и преку контра-напади се обиде и успеја да ја намали разликата на 2 гола, што беше најава за пресврт.
Малиот инцидент што се случи меѓу ракометарките, исклучувањето од 4 минути на гостинската ракометарка и повредата на една од домашните ракометарки влијаеше на консолидација на домашниот состав, кој продолжението од мечот го одигра енергично како и самиот старт, и успеа да заебележи победа која ја и повеќе посакуваше.
Конечен резултат на натпреварот беше 27:25 а најефикасни поединци кај домашните беа Моника Ристовска со 9, Наталија Зафировиќ со 5 и Александра Боризовска со 3 гола додека кај гостите Савица Мркиќ постигна 7 гола а Тања Шалевска постигна 6 гола.
Со оваа победа ракометарките на Куманово се наоѓаат на делбата на третото место заедно со екипата на РК металург со 12 бода.