Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со завршување на вчерашното последно коло од групната фаза, познати се четвртфиналните двојки кои ќе се борат за медал на Европското првенство во Словенија.
Изненадување на колото беше поразот на Шпанија од репрезентацијата на Италија, и пласман на четвртото место кое води кон дуел со репрезентацијата на Србија што е и најинтересниот меч во четвртфиналето. Ова е и првиот натпревар на програмата кој се игра на 18.септември од 17:30.
Словенија вчера беше декласирана од репрезентацијата на Финска која немаше никакви шанси за пласман, па домаќинот падна на второто место на табелата и ќе се сретне со еден од фаворитите на првенството, Франција. Овој натпрвар се игра веднаш после дербито Србија-Шпанија, од 21 часот.
Хрватска како првопласирана од групата Е, за свој противник ќе ја има веројатно најслабата репрезентација на оваа првенство, тоа е препрезентацијата на Украина. Овој натпревар се игра во четврток во 17:45.
Во вечерниот термин во четврток, Италија за противник ќе ја има репрезентацијата на Литванија, која од натпревар во натпревар игра подобро и подобро, па веројатно не очекува возбудлив меч.