Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двајца кумановски џуи џицу борци, членови на клубовите „Предатор“ и „Импакт Зенит“, освоиа медали на Меѓународен отворен турнир во бразилско џиу-џицу во Скопје.
Златен медал освои Марко Инѓиќ, во категоријата до сто килограми и сребрен медал Матеј Кузмановски, во категоријата до деведесет и еден килограм на меѓународниот .
Од Куманово, на првенството настапиле уште двајца учесника.
„Иван Тимчевски се пласираше на четврто место во категорија со дваесет и еден натпреварувач. Никола Станковиќ за прв пат настапи и по победа над вешт противник од Албанија не успеа да се пласира во финалните борби, но покажа смиреност и фокус каратеристични кај поискусните борци“, вели тренерот Стефан Лучиќ.
Натпреварите на вакви првенства се одигруваат во повеќе категории поделени на мажи, момчиња и жени, кои понатаму имаат поткласи зависно од степенот на постигнатите вештини – почетник, средно подготвен и професионал. Како и во сите боречки вешти се врши поделба и по тежина на натпреварувачите.
На интернационалното првенство, покрај клубови од земјава, настапиле преставници од повеќе земји: САД, Турција, Германија, Русија, Бугарија, Грција итн.
Натпреварувањето го организирала македонската членка на светската федерација на Абу Даби Комбат Клуб – АДЦЦ, која во светот на боречките спортови со зафати - борење, бразилско џиу-џицу, џудо, самбо - го носи престолот.
Припадници на овие спортови се легендите: Крег Џоунс, Гордон Рајан, Марсело Гарсија, Шанџе Рибеиро и др.