Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Каја Милевска од ОУ „Кочо Рацин“ освои 1 место на 50 м. слободен стил, а Жељко Младеновски од ОУ „Браќа Миладиновци“ трето место на 50 м. градно, на Државниот натпревар во пливање за основни и средни училишта, кој вчера се одржа во Скопје.
Двајцата натпреварувачи од Куманово беа во категоријата до петто одделение, а ментори им се Ненад Младеновски и Марија Митиќ. На натпреварот учествувале и ученици од ОУ „Крсте Мисирков“ кои имале солиден пласман, но не освоиле медала.
Натпреварот се одржал во силна конкуренција на 252 ученици од 63 училишта од земјава.
Државното првенство во пливање за основни и средни училишта е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија во соработка со Општинскиот сојуз на училишен спорт на Аеродром, а се одржа во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. На првенството присуствувал и министерот за спорт Борко Ристовски.