ЖРК Куманово ќе игра против Стружанка во второто коло од домашната лига
20.09.2019 13:09
| KumanovoNews
Во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“, утре (сабота) во 18:30 часот, ракометарките на Куманово ќе го играат второто коло од домашната лига, против ЖРК Стружанка.

Доколку, нашите ракометарки успеат да го победат тимот на ЖРК Стружанка, тогаш на 05.10.2019 ќе играат против екипата на ЖРК Кузман Вардар Илинден.
Стружанка, е силен противник, кој на почетокот на оваа сезона, својот прв натпревар на домашното првенство го одигра против ЖРК Ѓорче Петров, со резултат 38:19.
Во првиот натпревар ЖРК Куманово, против ЖРК Деспина, успеа да постигне резултат 31:22.