×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЖРК Куманово ќе игра во групната фаза од ЛШ, најелитно европско првенство

    09.06.2020 10:05 | KumanovoNews

    Врз основа на рејтингот на македонската ракометна федерација, ЖРК Куманово како второ пласирана екипа обезбеди директен пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, по откажувањето на Металург Скопје.

    ЖРК Куманово ќе игра во групната фаза од ЛШ, најелитно европско првенство

    Денеска беше поднесена официјалната документација од кумановци, откако Федерацијата го имаше пријавено клубот за слободното место. Од клубот очекуваат поголема финансиска помош од Општината во однос на минатата сезона.

    „Дел од финансиските средства се обезбедени, но во тек се и преговори со неколку реномирани компании, затоа што имаме право на два наши спонзори. Минатогодишната помош што беше поделена на спортските колективи, очекуваме да биде поголема поради овој успех и шансата да се гледа врвен ракомет во нашиот град“, вели Бобан Пеовски, претседател на клубот.

     Пријавено е натпреварите да се играат во кумановската спортска сала, но треба да се реновира според условите на Европската ракометна федерација. Доколку реновирањето не заврши пред почетокот на групната фаза, тимот би требало да игра во Скопје.

    Како една од поважните работи секако е ростерот на тимот. Од клубот велат дека се работи на тоа, и ќе бидат повикани македонски репрезентативки кои моментално се без ангажман. Ова пред се ќе биде голем напредок за кумановскиот и македонскиот ракомет, но ќе донесе и големо искуство кај ракометарките.

    ЕХФ воведе нов систем во главната групна фаза. Оваа сезона ќе имаме 2 групи со по 8 екипи. По нивно завршување, првите 2 екипи од двете групи одат понатаму, додека пак за екипите од 3-та до 6-та позиција ќе следува плеј-оф каде тимовите ќе вкрстат за обезбедување на место во 1/4 финалето. На крај, шампионот ќе се одреди на Ф4 турнир. 

    ЖРК Куманово ќе одигра 14 натпревари, од кои 7 на домашен терен. Се очекува сезоната да започне во средината на септември.  

    Во женскта Лига на шампиони секоја година учествуваат најдобрите тимови од Европа, како што се: Ѓер, Мец, Будуќност, Букурешт, Ростов, Есбјерг и други. Сепак, сите детали за одигрување на натпреварите ќе бидат познати после 1. јули.

    Конкуренцијата ќе биде тешка, но и самото учество во најелитнито европско натпреварување, ќе значи голем успех за кумановскиот тим.

    (Д.Давитковски)