Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со победата на ЖРК Стружанка, ракометарките на Куманово останаа на врвот од табелата на Женската супер лига.
Женскиот ракометен тим на Куманово, иако го одигра натпреварот на гостински терен, сепак успеа да постигне победа со разлика од 9 гола, со резултат 25:34.
На натпреварот, најмногу гола освои Мила Трајковиќ Мила-7, Ана Шарановиќ -6, Медеа Чокели-5, Александра Боризовска-4, Тамара Ивановска -4, Ангела Јанкуловска-2, а по 1 интервенција забележаа Бранкица Марковиќ, Наталија Пецанова и Нина Краљевски.
Катарина Митровиќ забележа 13 одбрани (1 седмерец), а Марија Јовановска 4 обрани (1 седмерец).
Во моментот ЖРК Куманово се наоѓа на врвот на табелата со 34 бода, односно 12 одиграни натпревари и 11 победи, веднаш по него се РК Чаир, а потоа и Вардар.