Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Женскиот ракометен клуб на Куманово, денеска со почеток од 16 часот ќе одигра уште еден контролен натпревар, овојпат со екипата на Металург во Скопје.
Тимот напорно се подготвува за првиот предизвик во вториот дел од сезоната, а тоа е 1/2 финалната средба од националниот Куп против тимот на ЖРК Гевгелија, која е планирано да се одигра на 6/7 март.
Доколку Куманово успее да издвои победа, што е реално за очекување, ќе се сретне со тимот на Пелистер, за пласман помеѓу најдобрите четири.
Во првите две соочувања со Овле Поле, тимот на Ненад Краљевски оствари две лесни и убедливи победи. Но, во меѓувреме експлозивно се тренира и играта во одбраната, за која сите велат дека ги добива тешките дуели и освојува титули.
(Д.Д.)