Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово денеска во салата на ОУ Христијан Карпош ја пречекуваат екипата на Гевгелија.
Гевгеличанки се претпоследни на табелата со 5 победи и 15 порази, па Куманово сигурно смета на бодовите од денешниот дуел. Одличниот натпревар против Металург наговестува дека ЖРК Куманово е се поблиску до неприкосновените Вардар и Металург кои се на чело на табелата.
Куманово е трет со 42 бода, а колку за споредба тимот на Прилеп е четврти со 24 бодови. Големата бодовна разлика може да бидне искористена и за разигрување на ракометарките од младинскиот погон, кои сигурно ќе биднат потребни во иднина за зголемување на ротацијата и намалување на разликата помеѓу Куманово во однос на Вардар и Металург.
Натпреварот започнува во 18:30.