ЖРК Куманово ја започнува новата сезона
16.09.2016 10:48
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово утре ја започнуваат новата сезона од Супер-лигата, каде за противник ќе ја имаат екипата на Прилеп.

Кумановчанки во оваа сезона влегуваат со истиот состав кој минатата сезона заврши на третата позиција и избори пласман во Челинџ Купот.
Натпреварот се игра во салата на ОУ Христијан Тодоровски Карпош во сабота со почеток во 17:30.