×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЖРК Куманово не успеа да се пласира во второто коло на ЕКФ Купот

    16.09.2019 09:26 | KumanovoNews

    Кумановските ракометарки, викендов, во спортската сала на Куманово, играа против тимот на Славија Прага, но не успеаја да обезбедат местоп во ЕКФ Купот.

    ЖРК Куманово не успеа да се пласира во второто коло на ЕКФ Купот

    Натпреварот против Славија Прага се одвиваше во два дена.

    Во сабота ЖРК Куманово го играше првиот натпревар од ЕКФ Купот, против Славија Прага каде победи со 27:23. Во текот на овој натпревар Куманово од прва до последна минута беше во водство. При крајот на мечот, нашите ракометарки беа во водство со резултат дури и со 22:16.

     Стрелци во нашата екипа беа: Ангела Јанкуловска - 9 гола, Медеа Чокели - 10 гола, Александра Боризовска - 2 гола, Мила Трајковиќ - 3 гола, Леонида Гичевска - 2 гола, Васка Глигоријадис- 1 гол.

    Во недела на вториот меч против Славија Прага, КРК Куманово поради поголем број на грешки и неискористени исклучувања, не успеа да донесе победа. Натпреварот заврши во корист на екипата на СЛавија Прага со резултат 31;24.

    „За жал на исто место завршува нашиот европски пат и оваа година. Огромниот број на грешки и неискористени исклучувања на противникот не донесеа во ситуација до последна минута да се бориме да го зачуваме нашето водство од првиот натпревар, кое за жал на нашата екипа и нашата подршка не успеавме. Одлично искуство од кое ќе извлечеме поука за сезона која е на самиот почеток“, - соопштија од клубот на ЖРК Куманово.