ЖРК Куманово со ново засилување
19.08.2019 13:40
| KumanovoNews
Леонида Гичевска, ракометарката која во последните две сезони играше за Металург премина во тимот на ЖРК Куманово.

Ракометарката која во 2017/18 беше дел од Вардар, во 2018/19 се префрли во Металург, сега е дел од екипата која најавува атак на двојна круна во новата сезона.
Гичевска потпиша договор со Куманово на 1+1 година, со што има можност до крајот на годината да го продолжи договорот, а доколку остане во ЖРК Куманово и со нив успее да дојде до титулата, ќе биде запишана како прва ракометарка која успеала да се избори за титула со три различни екипи во три години.