ЖРК Куманово со победа го започна вториот дел од сезоната
27.02.2017 15:52
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово во неизнесен натпревар извојува победа против тимот на Прилеп со резултат 29:28.

Тимот на Прилеп пружи солиден отпор на гостувањето во Куманово. Првото полувреме заврши со 16:15 за домашниот состав, а во неколку наврати гостинскиот состав имаше и водство. Речиси 60 минути траше драмата во салата на ОУ Христијан Карпош, а ракометарките успејаа да го одбранат предпоследниот напад на 2 гола разлика, кој им донесе сигурна завршница и победа со резултат 29:28.
Со оваа победа третопласираното Куманово со 27 бода дефинитивно се одлепи од Прилеп кој е четвртопласиран и има 15 бода.