Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По шестмесечна пауза ЖРК Куманово, во сабота на гостински терен во СЦ „Јане Сандански“, со резултат 21:25 постигна победа над екипата на Вардар.
Ова е првиот контролен натпревар за ракометарките на Куманово пред почетокот на сезоната.
Првото полувреме од натпреварот ЖРК Вардар-ЖРК Куманово заврши со резултат 11:15, за на крајот од натпреварот Куманово да постигне победа.
Следниот пријателски натпревар, како што информираат од раководството на клубот, ракометарките на Куманово ќе го играат на домашен терен во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“ во 19.30 часот, исто така со екипата на Вардар.