ЖРК Куманово со убедлива победа над екипата на Деспина
02.03.2020 08:45
| KumanovoNews
На почетокот од пролетниот дел на Супер лигата, ЖРК Куманово започна со убедлива победа, откако до победи тимот на Деспина.

На натпреварот, кој викендов Куманово го играше на домашен терен против екипата на Деспина, ЖРК успеа да постигне убедлива победа со резултат 42:14.
Најефикасни во овој натпревар беа ракометарките Трајковиќ и Гичевска со по седум гола.