ЖРК Куманово забележа нова победа во домашното првенство
23.11.2017 14:10
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово забележаа нова победа во Прилеп, одкако беа подобри од тимот на Деспина со резултат 26-19.

Уште во првото полувреме беше познато дека Куманово ќе забележи победа на овој меч. Првото полувреме заврши со резултат 7-13 додека во продолжението Куманово само ја потврди својата победа, и го постави конечниот резултат од 19-26.
Викторија Пеовска постигна 8 гола за Куманово, додека во тимот на Деспина Елена Крстеска го заврши натпреварот со 7 гола.