Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тимот на ЖРК Металург е на една победа до пласман на Фајнлфор турнирот во женската регионална ракометна лига откако на домашен терен во Автокоманда славеа над Јагодина со 27:23 (14:10).
Избраничките на Крсто Петрушевски и без Мирјета Бајрамовска лесно стигнаа до триумфот носени од одличната на голот Тања Андреева која имаше 15 одбрани.
Најефикасни во македонскиот состав беа Душица Георгиевски со седум и Олга Вашчук со шест погодоци, а кај гостинките најдобра беше Марина Живковиќ со пет гола.
Металург сега го очекува уште последната средба, гостувањето против Заечар на која е неопходна победа како би се стигнало до завршниот турнир.