ЖРК со разлика од 36 гола ја порази екипата на Кузман Вардар Илинден
12.03.2020 12:00
| KumanovoNews
Со разлика од 36 гола вчеравечер ЖРК Куманово на домашен терен ја порази екипата на Кузма Вардар Илинден.

Во пролетниот дел од домашната лига, ракометарките на Куманово вчера натпреварот го завршија со резултат 44:8.
Победата на ЖРК Куманово беше извесна од самиот почеток, а на крајот од првото полувреме гостинската екипа имаше само два дадени гола.
Во листата на стрелците од Куманово се запишаа 12 играчи, а најдобар играч според тренерот Ненад Краљевски на овој натпревар е Ана Шарановиќ.