Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонскиот ракометен клуб, ЖРК Вардар СЦБТ според соопштението на својот сајт, откако ќе го промени „својот дом“ и своите натпревари ќе ги игра во новоизградената сала „Јане Сандански“ ќе го промени и своето име.
Како предлози на нивната официјална веб-страна стојат официјалното име на „црвено-црните“, ЖРК Вардар но и РК Македонија, РК Скопје и РК Аеродром. По овој потег на управата на женскиот ракометен бренд во Македонија, дојдоа и првите реакции на македонската јавност, кои што нормално, како и што се очекуваше не беа нималку позитивни.
На социјалната мрежа Фејсбук, главните критики беа упатени кон сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко.
Еден од „најлајкуваните“ коментари околу оваа ситуација на социјалната мрежа е:
„Иако наша главна преокупација бил и ќе биде ФК Вардар, не можевме да останеме имуни на неверојатно ступидната идеја на ЖРК Вардар. Имено новиот спонзор смета дека со промена на седиштето, клубот треба да добие ново име?! Почитуван господине Самсоненко, успеа ги придобивте симпатиите на јавноста со намера за создавање на силен тим во европски рамки, ама со форсирање, во најмала рака, на вакви опасни идеи, одеднаш се ви паѓа во вода! Па баш токму дека Вардар е Вардар, име со кое ние толку силно гордееме, ќе имате армија поддржувачи. А вие доколку сакате да изведувате инстант експерименти од типот на РК Кометал или РК Металург, клубови без препознатлив дух, за да ја придобиете онаа неутрална таканарачена успех публика која не знае за кого навива, слободно формирајте си нов клуб или превземете некој друг! Ние од светото име и лого не се откажуваме за некоја титула повеќе! Еден е ВАРДАР!“
На официјалниот сајт на ЖРК Вардар СЦБТ (http://zrkvardar.mk/) има формирано анкета каде што сите можат да го дадат својот глас. Анкетата завршува на 25. март.