100.000 кумановци добиле електронски здравствени картички
21.02.2014 09:48
| KumanovoNews
Електронските здравствени картички ги подигнале 99.382 осигуреници во Куманово.

До подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување во Куманово досега се дистрибуирани 11.673 картички. Во изработка се 7670 картички, а 168 барања се во обработка.
Електронската здравствена картичка е дел од проектот “електронско здравство“. Со добивање на картичките осигурениците немаат потреба да ја користат старата здравствена книшка или да подигнуваат сини картони.